Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Регистрирани се 2.726 нови случаи на заболени од грип од 10 до 16 февруари, што е за 5,3 проценти помалку во однос на претходната недела.
Најголем број заболени има во Скопје, односно 616 лица.
Таа посочи дека оваа недела не е регистриран случај со смртен исход.
Во текот на оваа недела, во шест извештајни единици се регистрира многу ниска, во четири – сезонска, во осум – средна, во пет – висока, а во Дебар, Ресен, Кавадарци, Кратово и Штип – многу висока активност на вирусот на грип. 360stepeni
Регистрирани се 2.726 нови случаи на заболени од грип од 10 до 16 февруари, што е за 5,3 проценти помалку во однос на претходната недела. Nezavisen
Во сезоната 2024/25 година, досега регистрирани се вкупно 14.340 случаи на заболени од грип.
Заклучно со седмата недела од 2025 година, во државава вакцинирани се вкупно 72.291 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип. Mk
Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, денеска во изјава за медиумите препорача граѓаните да избегнуваат собири, да се проветруваат просториите и да се следат останатите препораки.
Таа посочи дека оваа недела не е регистриран случај со смртен исход. Mk
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека не се водат преговори во однос на химната и грбот, но и дека нема ни табу теми, и се разговара за се што е во интерес на граѓаните и државата.
Првиот вицепремиер Изет Меџити во емисијата „Дијалог во Лајм“ рече дека темата за промена на државниот грб не била дел од договорот за владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и не е приоритетна тема за Владата.
Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити вели дека во фокус им е владината програма каде што има утврдени столбови и според него нема преговори за химната и државниот грб.
Верувам дека многу скоро ќе се случи потпишувањето на новиот колективен договор за подобрување на правата на вработените во основните и средните училишта, а во оваа прилика сакам да информирам, како што и се договоривме, тие во март годинаваќе го добијат второто покачување на платите за 7%, откако во октомври минатата година го добија првото за 5%. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на средбата со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, која е продолжение на конструктивниот социјален дијалог, а во насока на усвојување нов колективен договор за основното и средното образование.
Новиот колективен договор за вработените во основните и средните училишта, беше тема на разговор на денешната работна средба во просториите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) меѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Македонскиот амбасадор во Романија, Андреј Жерновски, е отповикан од должноста, а за одлуката, како што информира тој на социјалната мрежа Фејсбук, дознал од „Службен весник“.
Андреј Жерновски е отповикан од должноста амбасадор во Романија.
Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63 773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63 252 денари.
Комисијата за заштита на конкуренцијата во рамките на своите надлежности пропишани во Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи изврши ненајавен увид во четири трговски ланци и во една од стопанските комори во која се здружени истите.