Целта е смарт-Македонија која со својот ИТ-кадар успева да се развие и да стане дигитално трансформирана држава.
Формирањето на Министерството за дигитална трансформација беше стратешка одлука затоа што додека државите во регионот со забрзано темпо чекореа кон дигитализација, дигитална трансформација на процесите во министерствата, во институциите, во јавната администрација, ние некако од 2014/15 како да го заборавивме овој процес иако претходно бевме лидери во регионот во оваа област, вели Стефан Андоновски, актуелниот министер за дигитална трансформација, во рамки на денешната панел-дискусија, посветена токму на дигитализацијата која веќе станува реалност во Македонија. Kanal5