На говорницата на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во Вашингтон македонскиот премиер Христијан Мицкоски беше претставен како поддржувач на политиката на Доналд Трамп, дури и пред тој да биде избран за претседател на САД, а Македонија еден од големите стратешки партнери на Америка.
Премиерот Христијан Мицксоки на Атлантскиот совет во Вашингтон говореше за фрустрацијата на македонските граѓани којашто е огромна.
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека како нација сме претрпеле премногу понижувања, и сме прифатиле лоши договори во име на повисоки цели за евроатланските интеграции, а земјава се уште не е ниту на почетокот на патот за члетвство во ЕУ. Сега, вели тој, од нас се бараат повторно уставни измени, но, тоа сепак не гарантира извесност не евроинтегративниот пат.