Владата има одлука за трансформирање на работниот однос на 1.500 вработени во здравството, а кои со години работат на договор на дело, истакна дека вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој одговараше на новинарско прашање за неговата најава на партиски состанок за вработување на 1.000 Албанци во администрацијата.
Меџити да не се однесува како Алиса во земјата на чудата ветувајќи нешто што ниту е реално, ниту е возможно без кршење на законските процедури и принципите на доброто управување, реагира министерот за јавна администрација Горан Минчев по дека за една година ќе вработат илјадници Албанци во државната и јавна администрација.
Минчев да се откаже од реториката на Димитар Апасиев и да не се однесува како негова копија – му порача првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити на својот владин колега од редовите на Движењето ЗНАМ – министерот за јавна администрација Горан Минчев.