ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 17.02. до 23.02.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 149 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Netpress
Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, известија надлежните.
ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Kanal5