“ Проектот опфаќа изградба на нова административна зграда со површина од 250м2, нов канцелариски простор од 120 м2, помошни простории од 130 м2, нов простор за обезбедување од 40 м2.... Го означуваме почеток на два големи проекти, едниот е реконструкција на Воена болница во вредност од 12 милиони евра и изградба на нова административна зграда со проширување на просторот за патници во вредност од 2,7 милиони евра или вкупно 14,7 милиони евра за овие многу значајни капитални проекти, истакна денеска на прес конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.