Со измените исто така се олеснуваат постапките за изградба на патна и железничка инфраструктура финансирани од буџетски средства.
Со предложените измени се прави и усогласување на Законот за урбанистичко планирање со Законот за градење во делот на новите градби за складирање на енергија до 1 и над 1 мегават, со тоа што со новите измени се прави законско регулирање на таквите градби преку издавање на одобрение за градење за кои што досега за нив немаше реулирана процедура. Nezavisen
Овие измени се насочени кон унапредување на процесите за издавање на одобренијата за градење и поедноставување на постапките за инфраструктурни проекти доминантно спрема јавните органи.
Целта на предложените измени е да се решат сите затекнати проблеми во текот на градбите, како и да се олесни користењето на објектите, со што ќе се овозможи побрза и поефикасна реализација на инфраструктурните проекти. Netpress