Вчерашното позиционирање на делегацијата на Северна Македонија во ОН за гласањето по резолуциите на САД и ЕУ беше скандалозно, оценува опозициската СДСМ во денешното соопштение. Telma
СДСМ инсистира на јасна, конзистентна и усогласена надворешна политика која ќе ги почитува и зајакнува нашите меѓународни партнерства, а истовремено ќе ја води државата кон нејзината примарна стратешка цел – членство во Европската унија.
Најавуваме дека во текот на утрешниот ден, претседателот Филипче ќе одржи прес конференција на која ќе ги соопшти во детали ставовите на партијата по однос на овие прашања“ порачаа од СДСМ. Fokus