Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната 34та седница на Собранието се обрати пред пратениците каде што ги презентираше предлог измените на Законот за електронски комуникации со кој се забранува нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа.
„Се соочуваме со една драматично влошена состојба во поглед на игрите на среќа, кој што за жал е во подем и во нашата држава, но и во регионот, најголем број од младите, тинејџерите се зафатени од оваа пандемија особено од нелегалните игри на среќа кои што се организираат преку нелегални онлајн платформи.