1 (26) ■ вести > македонија > хроника ■ 23-Jan 09:14 -> 23-Jan 12:50
.
.
.
.

Падна предметот за ,,Организаторите на 27 април”, уважена амнестијата на Јанакиески, Вељановски, Ристески и Атанасовски

  • Судот денеска ќе одлучува по барањето за амнестија на обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“

  • Вељановски, Ристовски и Јанакиевски ослободени за 27 април, судијата им порача „да се засрамат“

Падна предметот за ,,Организаторите на 27 април”, бидејќи денеска во Кривичниот суд е уважена амнестијата на обвинетите Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски, Спиро Ристески и Владимир Атанасовски.

Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да донесе одлука по мислењето дадено од Јавното обвинителство за примена на Законот за амнестија за обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“ - ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, како и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски.

Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовск, кои беа гонети како организатори на упадот во Собранието на 27 април, од денеска се ослободени од кривилно гонење.

11 (8) ■ вести > македонија ■ 22-Jan 17:18 -> 23-Jan 10:50
.
.
.
.

Раст од 92.8 отсто на заболени од акутни заразни заболувања во декември во однос на ноември

  • Во декември најчесто акутно заболување биле овчите сипаници, информира ИЈЗ

Во текот на месец декември, до Институтот за јавно здравје, пристигнати се вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ....

Најчесто регистрирано акутно заболување во месец декември минатата година се овчите сипаници (варичела) со вкупно 1 025 лица, во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Пристигнале вкупно 1 623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања (без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ), а е зголемување за 92,8 отсто во однос на претходниот месец ноември 2024 година.

14 (4) ■ вести > свет ■ 23-Jan 10:51 -> 23-Jan 11:20
.
.
.

Царините на Трамп за ЕУ и Кина ќе значат трговска војна и забавување на глобалниот раст, вели Јовановиќ

  • Јовановиќ: Ако се остварат најавите на Трамп за царини за Кина и ЕУ, тоа ќе значи трговска војна и забавување на глобалниот раст

Доколку се остварат најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за царини за Кина и Европа, според универзитетскиот професор од Виенскиот институт Бранимир Јовановиќ, тоа ќе значи почеток на трговска војна бидејќи веројатно е дека и Кина и Европската унија ќе одговорат со слични мерки.

Доколку се остварат најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за царини за Кина и Европа, според универзитетскиот професор од Виенскиот институт Бранимир Јовановиќ, тоа ќе значи почеток на трговска војна бидејќи веројатно е дека и Кина и Европската унија ќе одговорат со слични мерки.

Повеќе од
оваа категорија

34 (40) ■ спорт ■ 21-Jan 14:21 -> 23-Jan 12:25
.
.
.
.

Паника кај фановите: Ѓоковиќ го откажа денешниот тренинг

  • Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен

  • Изумот на агнетот на Ѓоковиќ даде резултат: Нема повеќе снимање на семејството на Новак во ложата

  • „Ѓоковиќ беше вистински уметник во дуелот со Алкараз“

Новак Ѓоковиќ утре игра полуфинале на Австралија опен против Александер Зверев, а на ден пред мечот го откажа закажаниот тренинг.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ попладнево го победи Шпанецот Карлос Алкараз со 4:6, 6:4, 6:3 и 6:4 во четвртфиналето на Австралија Опен 2025 година.

Српскиот тенисер во овие моменти игра дуел против Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австрилија Опен, а и овој пат приватноста на неговото семејство во свечената ложа е загарантирана благодарение на досетливиот потег.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да слави против Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австралијан опен, па доби пофални зборови од поранешниот тенисер Енди Родик.

66 (5) ■ спорт > кошарка ■ 22-Jan 22:25 -> 23-Jan 09:37
.
.
.
.

Шортс немоќен во Белград, Партизан го среди и Париз

  • Партизан во „супер-меч“ славеше над Шортс и Париз

Белградски Партизан ја оствари третата победа во низа и петта во последните шест кола од Евролигата откако вечерва на домашен терен го совлада Париз со 92-86. Тимот на Жељко Обрадовиќ некако успеа да го смири расположениот гостински тим кој фантастично го отвори мечот и во првата четвртина постигна 34 поени.

Кошаркарите на Партизан стигнаа до нова победа во Евролигата откако вечерва на домашен терен во премиерниот меч од 23. коло од елитното натпреварување славеа над Париз на македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со 92-86. Гостите фуриозно го отврорија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 26-34. Како одминуваше времето домашниот тим заигра далеку подобро во одбраната, па на крајот клучна беше последната четвртина во која на противникот му дозволија само 17 поени и со тоа стигнаа до победа од 92-86. Ти Џеј Шортс со 19 поени беше убедливо најдобар поединец на натпреварот, додека кај победникот Карлик Џоунс заврши со 17 поени.

Повеќе од
оваа категорија

160 (4) ■ бизнис > економија ■ 22-Jan 11:42 -> 23-Jan 10:26
.
.
.
.

Се наближува рокот за поднесување на барања за признавање на расход во даночниот биланс за 2024

  • ТЕЧАТ РОКОВИТЕ ЗА БАРАЊА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА РАСХОД ВО ДАНОЧЕН БИЛАНС Последен ден е 31 јануари

Даночни обврзници на данокот на добивка и вршители на дејност кои водите деловни книги, доколку во текот на 2024 година имате средства кои понатаму не можат да се користат, односно се трајно надвор од употреба, а кои имаат нето сметководствена вредност, најдоцна до 31 јануари 2025 година до УЈП поднесете: Барање согласност за признавање на расход во даночен биланс за данок на добивка (образец “ДД-БС”) eлектронски преку преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/ Барање согласност за признавање на расход од работењето на даночниот обврзник во даночен биланс за данок на доход (образец “ДЛД-БС”) електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk Под средства што се трајно надвор од употреба се сметаат: средствата што се уништени или оштетени поради виша сила како и од други непредвидливи настани, физичка дотраеност или техничка застареност; средствата што повеќе од една година непрекинато не ги користите, а нивното ставање надвор од употреба не е поради поправка или доградба; средствата што се во фаза на набавка, а чија набавка, со одлука или со друг акт е откажана или три години едноподруго не се вложуваат средства за довршување на таа набавка, и средствата што во последните пет години непрекинато ги користите помалку од 30% од нивниот програмиран капацитет.

Управата за јавни приходи информира дека 31 јануари е рокот за поднесување барања за признавање расходи во даночен биланс за данок на добивка и за данок на доход.

186 (4) ■ бизнис > економија ■ 21-Jan 12:45 -> 22-Jan 19:43
.
.
.

Уриваме рекорди: Во банките чуваме речиси 10 милијарди евра

  • КАКВО „ЗЛАТО“ БАРААТ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - со блокови и редовно вчера направен промет од над 700 илјади евра

Вкупните депозити во македонските банки во декември достигнаа 600,3 милијарди денари (околу 9,7 милијарди евра)и раст на годишно ниво од 12,4 проценти, покажуваат новите податоци на Народната банка, пишува Блумберг Адриа.

Се чини како за интересот и за цената на акциите на Комерцијална банка да нема лимит, а тоа уште повеќе го поттикна и најавата дека за минатата година банката ќе дели дивиденда, а имајќи ја предвид нејзината одлична дивидендна политика и историја во минатите години, се очекува дека тоа ќе биде прилично солидна сума, што е уште еден тригер плус за инвеститорите да навалат на оваа акција.

232 (4) ■ бизнис ■ 21-Jan 07:36 -> 21-Jan 14:58
.
.
.
.

ПРЕКУ БИЗНИСОТ ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ НА ТРИ МОРИЊА Иницијатива за соработка меѓу 13 земји од ЕУ и Западен Балкан

  • Панел дискусија за можностите за економска соработка со иницијативата „Три мориња“

Морињата се одредниците кои ќе ги исцртаат новите сфери на интерес во светот, а новиот интерес конечно ќе се вика бизнис затоа што сите ќе сфатат дека без бизнис нема ништо и дека тоа е единственото врзивно ткиво на овој свет, порача претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на панел дискусијата за претставување на иницијативата „Три мориња“, можностите за економската соработка меѓу нејзините членки и придонесот во нивниот економски развој, со посебен осврт на инфраструктурата и вклучувањето на земјите од Западен Балкан и зајакнувањето на оската север-југ во источна Европа.

Панел дискусија на која ќе биде претставена иницијативата „Три мориња“, можностите за економската соработка меѓу нејзините членки и придонесот во нивниот економски развој, со посебен осврт на инфраструктурата и вклучувањето на земјите од Западен Балкан и зајакнувањето на оската север-југ во источна Европа, денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Стопанската комора во соработка со Институтот за стратешки иницијативи и политики.