Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска се обратил на Сегментот на високо ниво на 58-та сесија на Советот за човекови права (СЧП) на Обединетите нации во Женева, каде што истакнал дека заштитата и промоцијата на човековите права се темел на нашата надворешна политика.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во Женева, каде што заедно со други шефови на влади, министри за надворешни работи и високи претставници, ќе учествува на Високиот сегмент на 58-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, каде ќе се дискутираат клучните предизвици во заштитата на човековите права ширум светот, со посебен акцент на сензитивните подрачја, информираат од Министерството.