Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе престојува во Женева, каде, заедно со други шефови на влади, министри за надворешни работи и високи претставници, ќе учествува на Високиот сегмент на 58-та сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, каде ќе се дискутираат клучните предизвици во заштитата на човековите права ширум светот, со посебен акцент на сензитивните подрачја. Plusinfo
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски се обрати на Сегментот на високо ниво на 58-та сесија на Советот за човекови права на ОН. „Во Женева учествував и се обратив на Сегментот на високо ниво на 58-та сесија на Советот за човекови права на ОН. Истакнав дека заштитата и промоцијата на човековите права, како и јакнењето на мултилатералната соработка, се темел на нашата надворешна политика. Kanal5
Во своето обраќање, како што соопшти Министерството, Муцунски посочил дека Советот за човекови права е најзначајниот форум за справување со предизвиците кои го попречуваат остварувањето и заштитата на основните човекови права и слободи ширум светот.
Тој нагласил дека почитувањето на демократските принципи, човековите права, човечкото достоинство и владеењето на правото се универзални вредности што мора да бидат почитувани од сите. Novamakedonija
Остануваме посветени на заштитата на човековите права и слободи, со посебен фокус на правата на жените и децата, заштитата на лицата со попреченост, како и борбата против сите облици на дискриминација и спречување на нивните нарушувања,“ истакна министерот Муцунски.
Тој додаде дека Република Северна Македонија, како членка на Советот за човекови права во периодот 2025-2027 година, ќе остане цврсто посветена на заштитата на човековите права и на соодветното справување со нивните нарушувања, без разлика каде тие се случуваат. Skopjeinfo
Министерот Муцунски ќе оствари билатерални средби со високи функционери на Обединетите нации, како и со шефови на делегации од други земји.
Овие средби, нагласуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ќе бидат насочени кон унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на позицијата на државата во глобалните процеси за заштита на човековите права. Biznisvesti
Тој нагласил дека почитувањето на демократските принципи, човековите права, човечкото достоинство и владеењето на правото се универзални вредности што мора да бидат почитувани од сите.
Истовремено, ја потврдил посветеноста на државата кон постигнување на највисоките стандарди за заштита на човековите права и нивна доследна имплементација на национално ниво. Novamakedonija
„Промоцијата и заштитата на човековите права, како и посветеноста кон јакнење на мултилатералната соработка за нивно почитување и заштита, се темел на надворешната политика на нашата држава.
Остануваме посветени на заштитата на човековите права и слободи, со посебен фокус на правата на жените и децата, заштитата на лицата со попреченост, како и борбата против сите облици на дискриминација и спречување на нивните нарушувања,“ истакна министерот Муцунски. Skopjeinfo