Во рамки на вчерашната акција, која е спроведена по наредба на судија на претходна постапка извршени се два претреса од страна на Министерството за внатрешни работи и од слобода се лишени две лица кои имале менаџерски функции во Затворот Скопје, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во текот на посетата на Штип.
Штип ќе биде дел од втората фаза на проектот „Безбеден град“ истакна при денешната посета во рамките на караванот на МВР „Од вас, за вас“, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој одговараше на новинарско прашање, дали камерите кои ќе ги поставува општината низ градот, парковите, градинките и училиштата ќе се користат и од страна на МВР и ќе бидат дел од проектот „Безбеден град“.