Од денес за сите 37 компании кои тргуваат на пазарот ден однапред се воведува еврото како валута.
На тој начин се отвора патот за пазарно спојување познато како маркет каплинг (market coupling) со берзите на соседните земји и членки на Европската унија, што е исто така приоритет на кој посветено се работи за следните две години, заедно со можноста за воведување на интрадневен пазар на електрична енергија“, истакна Зоран Ѓорѓиевски,директорот на МЕМО. Faktor
Резултатите од аукцијата се достапни на самата платформа во 10:45 и секојдневно се објавуваат на веб страната на МЕМО.
Во досегашното работење веќе 37 учесници секојдневно тргуваат на домашната берза на електрична енергија и до сега се истргуванисе речиси 1,5 TWh електрична енергија. Kanal5
Претседавачот со Одборот, Xристина Давидовска од Енерџи Фајненсинг- ТИМ ДООЕЛ Скопје, рече дека и понатаму ќе се работи и ќе се следат новитетите кои се од голема важност за унапредување на работата на домашната берза, и осовременување на можностите за тргување со електрична енергија.
На последниот состанок на Одборот, заклучивме дека процесот на тргување со евра треба да стартува во првиот квартал на 2025 година и тоа од денеска е реализирано. Biznisvesti
МЕМО, националниот оператор на пазарот со електрична енергија, соопшти дека од денес стартува тргувањето во евра на Македонската берза за струја, како еден од клучните аспекти за успешно интегрирање на македонскиот пазар на електрична енергија во единствениот европски пазар.
„До сега тргувањето на домашната берза на електрична енергија се реализираше во денари. Faktor