„Борис Трајковски останува незаборавен и по 21 година како симбол на вистинско лидерство, што го негуваше и промовираше во еден исклучително тежок период.
Во Скопје, Струмица и во Ротимље близу Мостар денеска ќе бидат одбележани 21 година од авионската несреќа во која животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.
Борис Трајковски ќе остане запаметен по својата посветеност, смиреност и решителност во најтешките моменти за државата.
Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа Фејсбук рече дека Македонија никогаш нема да го заборави поранешниот претседател на државата Борис Трајковски кој на денешен ден во 2004 година трагично загина во авионска несреќа.