Тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на Судски совет и не чувствувам ниту морална, ниту професионална одговорност да поднесам оставка, изјави денеска Тања Чачарова Илиевска, која е меѓу петте членови на Судскиот совет за кои се поднесени поединечни интерплации до Собранието од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Libertas
„Се произнесоваме по сите основи што беа наведени во интерпелацијата и се надеваме дека по надминување и исцрпување на процедурите во Собранието ќе се донесе позитивен исход по однос на нашите одговори коишто беа наведени“, изјави Мустафа.
Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ на 7 февруари до Собранието поднесоа поединечни интерпелации за членовите на Судскиот совет Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми. Skopjeinfo