Според овие стандарди, не е препорачливо најмалку една година пред избори да се прават суштествени измени“, рече Костадиновски, заклучувајќи дека законодавецот ги ограничил правата на граѓаните да се кандидираат за јавни функции со овие измени.
Одлуката следува по Иницијативата со која се оспорени членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, а во која подносителите сметаат дека со оспорените членови се прави измена на членовите 61 и 62 од Изборниот законик, кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и за членови на совети и градоначалници. Skopjeinfo
Претседателот Дарко Костадиновски изјави дека судот има сомнежи во уставноста на овие измени, бидејќи тие повредуваат темелни вредности како владеењето на правото и политичкиот плурализам, како и принципот на еднаквост на граѓаните.
„Станува збор за сомнеж на Уставниот суд во уставноста на измените на Изборниот законик како од неговата формална така и од неговата материјална страна. Skopjeinfo