Владата треба да биде внимателна во Собранието како се однесува кон пратениците.
Собранието има надзорна функција врз Владата, пратеничките прашања се токму алатка за постигнување на тој ефект, и затоа мислам дека особено Владата треба да биде внимателна во Собранието како се однесува кон пратениците, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши, по вчерашната дебата меѓу министерката Гордана Кочоска Димитриеска и пратеничката Славјанка Петровска.