Штип ќе биде дел од втората фаза на проектот „Безбеден град“ истакна при денешната посета во рамките на караванот на МВР „Од вас, за вас“, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој одговараше на новинарско прашање, дали камерите кои ќе ги поставува општината низ градот, парковите, градинките и училиштата ќе се користат и од страна на МВР и ќе бидат дел од проектот „Безбеден град“.
Ако можевме во една акција да расветлиме осум убиства, може да се најдат и сторителите на опожарените возила во Штип, порача Тошковски Ако може да се расветлат убиства, може да се најдат и сторителите на опожарените возила како во Штип, така и во државата изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски, кој одговараше на новинарско прашање дали се расветлени случаите со запалени возила во Штип, меѓу кои и на поранешниот началник на Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип.