Со повисоки плати за академскиот кадар и поголем буџет за УКИМ ја одбележуваме петтата годишнина од основањето на Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на научната конференција „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“, организирана по повод јубилејот. Skopjeinfo
Тоа значи, додаде таа, дека универзитетските професори треба да им бидат вистински ментори на студентите, да им помогнат да стекнат што поквалитетни знаења и вештини, а паралелно и континуирано да работат на својата научна надоградба и да објавуваат трудови.
Јаневска нагласи дека овие критериумите за добивање и задржување на професорската титула на светски признатите универзитети мора да важат и кај нас, ако сакаме и нашите универзитети да се видливи на листите на најдобрите. Plusinfo
Таа кажа и дека буџетот на УКИМ годинава изнесувал 60 милиони евра што е за над 24 милиони евра повеќе од претходната година..
Ректорката на УКИМ Биљана Ангеловска oчекува новиот Закон за високо обрасование, што се подготвува, да овозможи кратење на студиските програми, а со тоа и поголем квалиет и ефикасност на студиите. Kanal5