Основното јавно обвинителство до сега нема примено кривична пријава поднесена од вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи а против државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Мустафа Хајрулахи, суспендираниот шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, поднел кривична пријава против Љупчо Коцевски, Јавен обвинител на РСМ, против Татјана Кацарова, обвинител на Основното јавно обвинителство Штип, против Ристо Бојаџиски, виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип и против Ермон Незири, член на Советот на јавни обвинители на РСМ.