Оттаму велат дека првата транша е обработена и исплатена во најбрзо време, со оглед на тоа што рамковните договори со банките се потпишуваа по 31 јануари годинава.
Истакуваат дека интензивно работат на повлекување на втората транша, согласно барања за повлекување средства од страна на банките, за одобрени проекти наменети за инвестиции и развој на компаниите. Press24
Има поголем интерес од очекуваниот за средства од кредитната линија во износ од 250 милиони евра од унгарскиот заем наменети за компаниите, потврди министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Biznisvesti
Стартуваше поддршката за стопанството преку кредитната линија за инвестиции и развој од средствата од заемот од Унгарија, откако Развојата банка вчера ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра, кон комерцијалните банки за поддршка на проекти на 47 компании. Press24