„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да патуваат низ Европа со приватни чартер летови на партиски посети“, велат од СДСМ.
Владата на Христијан Мицкоски се луксузира на грбот на народот, изнајмува приватни авиони, нарачува егзотични овошја, додека за работниците, кои едвај врзуваат крај со крај, власта вели дека нема пари.
Опозицската СДСМ денеска преку соопштение реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со растот на БДП во последниот квартал лани.