Libertas
На указите на претседателката на државата за промена во командните структури на Вооружените сили на Република Северна Македонија попладнево реагираа од опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), од каде што велат дека овие дејствија не само што ги маргинализираат Албанците, туку и директно ги загрозуваат интегритетот и безбедноста на одбранбените структури Претседателката денеска им нанесе тежок удар на Албанците во Армијата на Северна Македонија, деградирајќи ги, напиша на својот фејсбук-профил Кренар Лога, дел од струјата на Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села, и поранешен министер за правда, реагирајќи на одлуката на Гордана Сиљановска-Давкова за промени во командните структури на Армијата.
„По деалбанизацијата на Агенцијата за разузнавање, каде веќе ниту директорот, ниту заменикот не се Албанци, по деалбанизацијата на Агенцијата за национална безбедност, каде веќе ниту директорот, ниту заменикот не се Албанци и по деалбанизацијата на Воената служба за разузнавање и безбедност, каде веќе ниту директорот, ниту некој од тројцата помошници не е Албанец и откако беше заобиколена постапката за именување на албански генерал на чело на АРМ, денес претседателката, која неВРЕДИ им нанесе тежок удар на Албанците во Армијата на С Македонија, деградирајќи ги“, Според него, одлуката на претседателката претставува масакр и целосно понижување на Албанците во Армијата. Libertas