Во Берово изутрина во 7 часот се измерени - 4 степени, -3 во Битола, -2 во Маврови Анови, -1 во Скопје-Петровец, Струмица, Тетово и Велес, 0 степени во Демир Капија, Гевгелија и Охрид, 1 во Прилеп, Куманово, Крива Паланка и Претор, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Кавадарци, 3 во Попова Шапка, 5 во Крушево, а 6 во Виница, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На Попова Шапка има 15 сантиметри снег.
Како што најави УХМР, времето денеска ќе биде сончево и топло до умерена локална облачност. Kanal5