Најниска температура утрово е измерена во Берово - 6 степени, во Битола - 4, во Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, Маврови Анови - 2, во Тетово, Велес, Гевгелија -1, во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово и Претор 0, во Штип, Кавадарци, Крива Паланка и Охрид еден степен, на Попова Шапка три и во Крушево и Виница пет степени.
Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.