Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот на прибирање на приходи во Буџетот, сузбивање на криминалот и заштита на граѓаните.
Соединетите Американски Држави се стратешки партнер на Република Северна Македонија, и ќе бидат силен поддржувач на политиките што ги спроведува Царинската управа (ЦУ), е клучната порака од посетата на амбасадорката на САД Ангела Агелер, директорката на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите Вирџинија Елиот и заменик шефот на Канцеларијата за билатерална воена соработка, Даниел Силвер на Царинската управа.