Министерот за здравство, Арбен Таравари, во посета на Велешката општа болница денеска изјави дека модуларните болници во земјава, кои се користеа во време на пандемијата, веќе се пренаменуваат, но не во болници туку во амбуланти и други објекти што се потребни за другите министерства. Mk
Општата болница Велес од Министерството за здравство за Хирушкото одделение доби два апарата: еден артроскоп за ортопедски интервенции со ендоскопски метод и хирушки ласер за уролошки интервенции – ендоскопска метода, односно за уринарниот систем, информира денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со заменик-министерот Јовица Андовски ја посетија Велешката болница.
Таравари изјави дека како Министерство за здравство продолжуваат да инвестираат во апаратура, не само во скопските клиники, туки и во сите болници во државата. Biznisvesti