Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас денеска и утре ќе ги посети општина Ресен и подрачјето на Преспанското Езеро, со цел да се презентираат видливите придобивки од помошта на ЕУ во секојдневниот живот на граѓаните.
Како што најавија од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, денеска амбасадорот Рокас ќе оствари средби со Јован Тозиевски, градоначалник на Ресен, како и со Советот на општината. Kanal5
Во Царев Двор ќе го посети основното училиште „Браќа Миладиновци“ кое ја зголеми својата енергетска ефикасност преку грант финансиран од ЕУ, а подоцна ќе ја посети црквата „Света Петка“ во Брајчино, каде фреските треба да се зачуваат во рамки на ACT4PRESPA, прекуграничен проект финансиран од ЕУ за заштита и конзервација на културното наследство во областа на Преспанското Езеро.
Посетата, како што е најавено, ќе биде завршена со настан на високо ниво, на кој премиерот Христијан Мицковски, евроамбасадорот, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и членови на Владата официјално ќе го означат почетокот на градежните работи на царинската зграда на новиот граничен премин Маркова нога – Герман. Nezavisen