Еврејската заедница во Република Северна Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во рамки на одбележувањето 82 години сеќавање на холокаустот на македонските Евреи, денеска во Скопје, ја организираат централната комеморативна активност со оддавање почит пред Споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи во скопскиот Монопол. A1on
Општина Штип и Еврејската заедница вчера во рамки на комеморативната програма им одадоа почит на 535 Евреи од Штип, кои беа убиени во логорот на смртта „Треблинка“.
По тој повод се оддржаа Поворка на живите, полагање на цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи во Штип и посета на еврејските гробиште. Press24
Свои обраќања по тој повод, како што најавуваат организаторите, ќе имаат претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, амбасадорката на Државата Израел Симона Франкел и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски.
Бројни делегации, владини и државни претставници и претставници на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ќе оддадат почит на Могилата на депортираните македонски Евреи и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на Градските гробишта „Бутел“. Alsat
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години од депортацијата на македонските Евреи, каде беше оддадена почит на една од најголемите трагедии во историјата на нашата земја. Plusinfo
Денеска се одбележуваат 82 години од холокаустот на македонските Евреи. Kanal5