Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определуваме мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во попладневните часови, донесе решенија со кои: По прoизнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, во однос на предложените мерки, како и ценење на приложените факти, го прифати предлогот на Јавниот обвинител со кој на Р.К., А.М. и Е.С. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоци.
Приведените бизнисмени Ратко Капушевски и Асмир Јахоски се уште се во полициска станица и се очекува во попладневните часови да бидат изведени пред Судија на претходна постапка.
Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол во истрага за набавка на мазутот за ТЕЦ НЕГОТИНО и електрани, дознава Телма.
Повеќе лица се приведени, а со големата истрага за злоупотреби при набавки на мазут се опфатени и екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски; сопствениците на РКМ чиј основач е приведениот Ратко Капушевски и сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски (син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски). Истрагата е насочена во три правци, првата е начинот на добивањето на јавните повици за набавка на мазут, распишани од ЕСМ, преку честото менување на тендерските услови за да се фаворизира понудувачот РКМ.