„Очекувам утре предлог измените на Законот за локална самоуправа да бидат јавно достапни на ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи), за да имаат сите чинители уште триесетдневен рок да дадат сугестии, забелешки и предлози и покрај целиот консултативен процес кој се одржа во изминатиот период“, најави министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа. Netpress