Во контекст на односите со земјата домаќин, претседателката Сиљановска-Давкова гледа одлични можности за економска соработка и трговска размена.
Сите сме свесни за ресурсите на Азербејџан и за нивната присутност на Балканот и во дел од земјите на Европската Унија, рече претседателката и изрази очекување за потпишување на декларација за пријателство и стратешко партнерство меѓу двете држави, што ќе придонесе за конкретизирање на соработката во повеќе сфери од заемен интерес. A1on
Но, посочи и на потребата за реформи на светската организација, бидејќи како што рече, 80 години по нивното формирање, не можеме да останеме со нешто што е конструирано во 1945 година.
Според неа, време е за жена генерален-секретар на ОН. Укажа на потребата да биде слушнат гласот и на помалите држави. Kanal5
Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето предавање вчера попладне пред академската заедница и студентите на Универзитетот АДА во Баку, за време на нејзината официјална посета на Република Азербејџан, јави известувачот на МИА. Sitel
Рече дека го очекуваме почетокот на мировниот процес за Украина и дека не можеме да кажеме дека утре ќе заврши, но дека тој мора да започне што поскоро, бидејќи како што истакна, не постои лош мир, како што не постои ниту добра војна.
Потребен е дијалог, наместо монолог во наоѓањето на решенија. Sitel