Тие што сметаат дека никој не носи одговорност и дека не смее да се покрене интерпелација за избраните членови на Судски совет треба да разберат дека Македонија е парламентарна демократија, не е монархија“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната пленарна седница во Собранието.
На вечерашното емитување во емисијата Тема на денот на Сител телевизија, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и го истакна својот став во однос на утрешните интерпелации, и поддржувајќи ги изјави дека дека функционери кои изгубиле доверба од органот што ги избрал, во овој случај Собранието, не треба да носат важни одлуки.