Biznisvesti
Тие се исплашени за својот криминално стекнат капитал и за основаните сомневања за криминалот што се случувал изминатите години, посебно последните две години, бидејќи на оној дивјачки, криминален начин како што го сменија Кривичниот законик, за жал, се амнестираа за криминалот од минатото и за жал, тука ние ништо не можеме.
Дури и сега иницијативата што ја покренаа пред Уставниот суд, пред нивните уставни судии што тие ги бираа, дури и под услов Уставниот суд да рече дека ќе падне тој Кривичен законик, тие сепак се амнестирани за криминалите што ги правеа пред четири, пет, шест години, истакна премиерот, одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавата на ДУИ за интерпелација на уставните судии. Biznisvesti