Соопштение на ДУИ Денес ја одбележуваме четвртата годишнина од потпишувањето на Законот за употреба на јазиците – моментот кога беше заокружен легислативниот дел од Охридскиот рамковен договор, со што албанскиот јазик го доби заслуженото место во нашиот мултиетнички државен систем.
Последната изјава на премиерот Мицкоски, во која тврди дека ДУИ не се грижи за Законот за јазици и за албанските прашања, туку само за заштита од наводни криминали, претставува уште едно допрено дно на еден премиер кој ја труе и поларизира етничката и политичката сцена до точка на нефункционалност на државата.