Ако се служат со трикови, водат ианет дека може да се самоорганизира народ и да им се случи народ, наведе Мицкоски.
Тој не смета дека ова е преседан и дека со ваквата најава за протести се врши упад во независноста на правосудството, и додаде дека како претседател на Владата негова должност е да предупредува на последиците од однесувањето на членовите на Советот дека може да се случи народ, а како дополнително иритирачка ја оцени и одлуката на Судскиот совет за вд претседател на Врховниот суд да го именува судијата Џемали Саити, за кој вели дека е дирекно поврзан со сега опозициската ДУИ. A1on
Јас сум само должен само да предупреда, да не биде потоа не сме знаеле, не сме кажале – подвлече Мицкоски.
Тој потврди и дека судиите од Судски совет на кои им беше изгласана недоверба ќе продолжат да земаат плата, се додека не заминат од функцијата, што е вели уште една причина за револтот кај граѓаните. Novamakedonija
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот дека доколку членовите на Судски совет не постапат соодветно одлуката на парламентарците кои им изгласаа недоверба и се инаетат, дека е можно да им се случи народ, затоа што народот, вели, е желен за правда, а тој ќе го поддржи народот. Novamakedonija