Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се објават во Службен весник, а веднаш потоа, Министерството за дигитална трансформација е подготвено да ја донесе методологијата со којашто ќе се забранат нелегалните онлјан приредувачи на среќа, најави денеска од Штип, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски кој денеска присуствуваше на отварање на Центарот за за услуги „Една точка за услуги“.
Стефановски појасни дека постапката ќе биде по анализа на Државната лотарија, кои се оние нелегални приредувачи на игри на среќа и на министерството испраќаат нотификација, со табела на точна веб страница, којашто треба да се забрани. Press24
Виртуелните нелегални коцкарници ќе згаснат, од наредната недела на сила стапуваат новите измени во Законот за електронски комуникации.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски од Штип најави дека се подготвени да ја донесе методологијата, со којашто ќе се забрануваат нелегалните онлјан приредувачи на среќа. Telma
Што значи во првиот бран ќе бидат повеќе од 160, но мислам дека и во секој нареден бран, како ќе забележува Државната лотарија и други заинтересирани странки забележуваат дека постојат нелегални приредувачи на игри на среќа онлајн во Македонија, тие можат да не информираат и ние веднаш ќе постапуваме, изјави Андоновски.
Фото: Фејсбук на Стефан Андоновски. Civilmedia