Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска при објавата на нови детали околу страшната трагедија во дискотеката во Кочани „Пулс“, изјави дека чувствува морална одговност за оваа трагедија, и дека тоа треба да го чувствуваат сите кои биле на функција треба да го чувствуваат истото.
Според последните информации на МВР, животот во трагедијата во дискотеката во Кочани го загубиле 51 лице, а повеќе од 100 се пренесени на лекување во болница, соопшти денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, од Кочани.
Министертвото за внатрешни работи веќе има приведено лица во врска со пожарот во Кочани, во којшто загина 51 лице, а околу 100 се повредени, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.