Во текот на денешниот ден се згрижени над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата: • Клинички центар – 20 пациенти • ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти • Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент • Клиничка болница Штип – 20 пациенти • Општа болница Кочани – 7 пациенти • Клиника за токсикологија – 2 пациенти Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји: • Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.