Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген, Бевервајк и Ротердам се подготвуваат да примат и да лекуваат жртви од пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија, изјави портпарол на Холандската фондација за третман на изгореници за јавниот сервис NOS. Press24
„Сè уште не е познато дали некои од повредените ќе бидат пренесени во Холандија на лекување“, изјави портпаролот, пренесува . „Во моментов се проценува тежината на изгорениците, а потоа Европската асоцијација за третман на изгореници ќе одлучи дали некои од пациентите ќе бидат лекувани во Холандија“, појасни претставникот.
Дополнително, во тек се разговори за можноста холандски лекари и медицински сестри да отпатуваат во Македонија за да помогнат, изјави Пол ван Зујлен, пластичен хирург и директор на центарот за изгореници во Бевервајк, за RTL Nieuws. Skopjeinfo