Нема да застанеме со процесни дејствија, констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што слободно можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба во однос на постапување на институциите кои требало да реагираат во однос на објектот и потребните услови за негово функционирање, поради што во текот на денот ќе има многу лица кои ќе бидат приведени, вклучувајќи ги МВР и други институции, во текот на денот ќе биде информирана јавноста, соопшти на денешната прес-конференција во МВР министерот Панче Тошковски. Denesen
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, најави дека денеска ќе има нови приведувања на лица поврзани со трагедијата во Кочани, и дека дел од нив ќе бидат и од Министерството за внатрешни работи. Fokus
Вчера 13 лица во Штип биле приведени сопственикот на дискотеката, продавачите на билети, две лица од обезбедување, приведени тројца пазарни инспектори, еден од трудова инспекција, и полициски службеници.
На 14 лица, вели министерот им е одреден притвор од 48 . Тој додаде дека МВР било повикано за службениците кои вршеле контрола во делот на недозволена трговија со дрога, а влегле неколку минути пред да започне пожарот. Plusinfo