Македонската амбасадорка Агнеза Руси Поповска, која го пречека претседателот Радев во амбасадата, изјави дека денеска во Софија се очекува да пристигнат министрите за здравство и за надворешни работи Арбен Таравари и Тимчо Муцунски за да ги посетатат повредените македонски граѓани хоспитализирани во бугарските болници.
Во Бугарија денеска е прогласен ден на жалост во спомен на жртвите во Кочани и солидарност со народот во Македонија. Denesen
Бугарскиот Црвен крст, Националната болница за превенција и контрола на заразни болести „Н.И. Пирогов“ и Националниот центар за трансфузиона хематологија организираат крводарителска акција за повредените во пожарот.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, само во првите два часа над 120 луѓе во Софија дарувале крв за настраданите во трагедијата во Кочани. Press24
Претседателот на Бугарија Румен Радев изрази сочувство до роднините и пријателите на загинатите во пожарот во Кочани. Plusinfo