Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изрази сочувство до роднините на загинатите во пожарот во Кочани и се потпиша во книгата на жалост во амбасадата на Република Северна Македонија во Софија. Nezavisen
Бугарскиот Црвен крст, Националната болница за превенција и контрола на заразни болести „Н.И. Пирогов“ и Националниот центар за трансфузиона хематологија организираат крводарителска акција за повредените во пожарот.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, само во првите два часа над 120 луѓе во Софија дарувале крв за настраданите во трагедијата во Кочани. Nezavisen