Соопштение на ЗНМ: Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро реагира на координираната онлајн кампања на вознемирување и дискредитација насочена кон уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, по објава на видео на социјалните мрежи од негова средба со поранешен претседател на влада. Libertas
Ги повикуваат сите јавни личности, политички субјекти и корисници на социјалните мрежи на свесност и одговорност во јавниот говор, особено кога се работи за лица активни во медиумската сфера.
„ЗНМ останува посветено на заштитата на слободата на изразување и достоинството на медиумските професионалци“, велат од ЗНМ. Radiomof