Ромската фондација за Европа изрази сочувство за жртвите во пожарот во Кочани и соопшти дека донела одлука да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на младите кои трагично ги загубија животите во несреќата. Sitel
Не смееше да се случи – и не смееме да дозволиме повторно да се случи.” “Неопходно е да се зајакнат структурните мерки за заштита на граѓаните, посебно на младите, од вакви немили настани кои може да се избегнат.” “Нека сеќавањето на оние кои ги изгубивме биде мотив за делување: за поодговорно општество, за поголема сигурност и за иднина во која слични катастрофи повеќе нема да се случуваат,” потенцираше Јовановиќ.
Во објавата, Фондацијата нагласува дека Европскиот институт за ромска уметност и култура, Фондот за образование на Ромите, Иницијативата за развој на ромското претприемништво и Роми за демократија се придружуваат на Фондацијата Роми за Европа во изразувањето поддршка за жртвите од оваа трагедија. Biznisvesti