Државниот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека досега се осомничени 27 физички лица, а кочанското обвинителство предложило мерки за обезбедување на присуство.
Оваа трагедија има димензии на национална катастрофа.
Во досегашниот тек на истрагата за трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани опфатени се вкупно 34 физички лица и три правни субјекти и сите се обезбедени од страна на полицијата, информираше денеска државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.
Со завршување на истрагата ќе се разјаснат сите околности и факти за причината за пожарот, кој го предизвикал, начинот на предизвикување и со кое пиротехничко средство, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.