Како што се обелоденуваат нови факти поврзани со трагедијата во Кочани, сѐ поизразени стануваат сомнежите во однос на професионалноста и кредибилитетот на институциите задолжени за спроведување на истрагата и самиот процес на утврдување на одговорност, која мора да ја има. A1on
Во овој контекст, неопходно е да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на Управата за јавни приходи (УЈП) во целата оваа ситуација.
Според информации објавени од истражувачките стории на медиумите, кабарето „Пулс“ било официјално затворена и пломбирано од страна на УЈП во втората половина на декември 2024 година, поради утврдени прекршувања поврзани со неиздавање на фискални сметки. Kanal5