Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
24
21.45
24.85
6.41/1.82
24.00
8.06
0.34
2403.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 24
55 ■ 0.99/0.01 ■ 3 ■ 581.6
Best clustering variants
55 0.99/0.01 3 581.6
08:48 h 22-Mar-2025
  • Вкупниот број осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако вчера државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица, по првите истражни постапки против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.
  • ◉ Осомничени 34 лица во врска со пожарот во Кочани, се најавува обемна истражна постапка
12:48 h 21-Mar-2025
  • Државниот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека досега се осомничени 27 физички лица, а кочанското обвинителство предложило мерки за обезбедување на присуство.
  • Коцевски: Се гонат тие што ги издале лиценците, тие што не контролирале, сопственикот кој го владеел кабарето, член на бендот ДНК, обезбедувачите кои направиле пропусти и дозволиле да влезат малолетници, но и да се внесе пиротехниката
12:45 h
  • Во истрагата за трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани опфатени се вкупно 34 физички лица и три правни субјекти и сите се обезбедени од страна на полицијата, информираше денеска државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.
  • Коцевски: Пропустите се уште од 2012 година, се гонат сите кои дозволиле да се случи трагедијата во „Пулс“
Civilmedia

Поранешен директор на Државниот пазарен инспекторат и три службени лица инспектори, иако биле должни да вршат инспекциски надзор, не ги извршиле своите службени должности и во периодот од 09.01.2020 година до 16.03.2025 година во ниту еден наврат не извршиле контрола над работењето на правното лице за да утврдат дали има важечка лиценца, дали ги исполнува пријавените минимално-технички услови наведени во барањето за Лиценца за вршење на угостителска дејност – кабаре, и другите пропишани услови согласно закон, со што овозможиле Кабарето ПУЛС незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност.

Осомничените тројца градоначалници на Кочани во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, како и осомничени двајца поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување не ги извршиле своите правни обврски согласно Законот за заштита и спасување, со што овозможиле Кабарето „Пулс“ незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност, спротивно на Законот за угостителска дејност и другите пропишани услови согласно закон. Civilmedia

Civilmedia

Во однос на активностите на Државниот пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи продолжува да врши проверки во насока на утврдување на сите пропусти во текот на целиот временски период на работа на клубот – На 16.03.2025 година, еден од осомничените, одговорно лице во клубот, усно организирал концерт – настап без формално потпишан договор со музичката група ДНК и притоа заедно со осомничените управители и осомничените припадници на агенцијата за обезбедување, свесни дека капацитетот и условите во објектот тоа не го дозволуваат, овозможиле влез на околу 650 посетители помеѓу кои имало најмалку 31 дете.

Едно од осомничените лица вршело продажба на билети без притоа да води сметка за бројот и возраста на гостите кои смеат да присуствуваат, спротивно на Законот за угостителска дејност, овозможувајќи влез и присуство и на малолетни лица на настанот, изјави Коцевски. Civilmedia

360stepeni

Од осомничените функционери, двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) заедно со тројца инспектори се осомничени затоа што не извршиле инспекциски надзор на објектот за да утврдат дали има важечка лиценца и дали ги исполнува условите да работи како кабаре клуб.

„Поранешен директор на Државниот пазарен инспекторат и три службени лица инспектори, иако биле должни да вршат инспекциски надзор, не ги извршиле своите службени должности и во периодот од 09.01.2020 година до 16.03.2025 година во ниту еден наврат не извршиле контрола над работењето на правното лице за да утврдат дали има важечка лиценца, дали ги исполнува пријавените минимално-технички услови наведени во барањето за Лиценца за вршење на угостителска дејност – кабаре, и другите пропишани услови согласно закон, со што овозможиле кабарето ‘Пулс’ незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност“,. 360stepeni