Портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција информираше дека во изминативе денови се извршени 116 вонредни надзори врз основа на законот за угостителска дејност, при што дел од контролираните објекти добиле решенија за привремена забрана, на дел им се одземени лиценците за работа, а на дел им се издадени прекршочни налози Така, како што посочи, решенија за привремена забрана се изречени за 10 правни субјекти.